Во рамките на проектот Green Spirit Prespa, поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, а спроведен од Go Green, НАИТМ, Rural Women of Prespa и Spirit of Prespa, се објавува јавен повик за избор на тур оператор со експертиза во MICE и дојдовен туризам.
Целта на повикот е избор на партнер кој ќе учествува во организацијата и реализацијата на проектни активности насочени кон развој на одржлив и тематски туризам во Преспанскиот регион, со фокус на астрономија, гастрономија и птичарење, како и унапредување на дојдовниот туризам.
Планирани активности
1. ФАМ тура за европски туроператори и нетворкинг настан
Крај на април 2026
Во рамките на проектот ќе се организира едукативна ФАМ тура (Familiarization trip) за 10 европски туроператори од областа на гастрономија, астрономија и птичарење, како и нетворкинг настан во Преспанскиот регион.
Активностите вклучуваат:
- организација на 5-дневна тематска ФАМ тура
- реализација на нетворкинг настан и презентациски „базар“ за поврзување на туроператори со локални туристички чинители
- подготовка на тематска програма во соработка со проектниот тим
Понудата треба да ги опфати следните елементи:
- Авиобилети за учесниците од земји на ЕУ (10 повратни билети од земји на ЕУ до С.Македонија)
- Транспорт и трансфери за учесниците во текот на целата тура
- Сместување (единечни соби, 4 ноќи)
- Оброци за учесници, проектен тим, водичи и возачи
- Туристички водичи на соодветни јазици (шпански, италијански, француски, германски или англиски)
- Изнајмување простор за нетворкинг настан и кафе пауза
2. ФАМ тура за локални и регионални туроператори и конференција
Крај на октомври 2026
Во втората фаза од проектот ќе се организира едукативна ФАМ тура за 5 локални и регионални туроператори, како и конференција посветена на развојот на туризмот во регионот на Преспа.
Активностите вклучуваат:
- Организација на 5-дневна тематска ФАМ тура
- Транспорт и логистика за учесниците во текот на целата турa
- Сместување (единечни соби, 4 ноќи)
- Оброци за учесници, проектен тим, водичи и возачи
- Туристички водич и придружни трошоци за сите 5 дена
- Реализација на конференција со говорници, networking активности и презентации со фокус на регионот на Преспа
Понудата треба да ги опфати и следните елементи:
- Изнајмување простор за конференција
- Кафе паузи и коктел
- Дневници и трошоци за говорници
- Транспорт за учесниците во текот на конференцијата, организација на презентациски базар
Конечните детали за форматот, програмата и обемот на активностите ќе бидат разработени во соработка со избраниот тур оператор.
Опфат на ангажман
Избраниот тур оператор ќе биде одговорен за:
- Целосна логистичка организација (летови, сместување, транспорт, ресторани и простори)
- Подготовка на тематската програма во соработка со проектниот тим
- Комуникација и координација со учесници и локални партнери
- Ангажман и управување со туристички водичи
- Навремено известување и документација за реализираните активности
- Финансиско известување и доставување фискална документација за сите трошоци
Критериуми за учество
Право на аплицирање имаат тур оператори кои:
- Се регистрирани како тур оператор согласно националното законодавство и поседуваат валидна лиценца
- Имаат минимум 3 години искуство во дојдовен туризам и/или MICE сегмент
- Имаат докажано искуство во организација на најмалку 2 ФАМ тури или деловни настани/конференции во последните 3 години
- Располагаат со соодветни оперативни капацитети (кадар и технички ресурси) за реализација на активностите
- Покажуваат интерес за развој на одржлив и тематски туризам
Начин на аплицирање
Заинтересираните компании треба да достават:
- Профил на компанијата со доказ за регистрација и лиценца
- Портфолио со опис на најмалку 2 релевантни реализирани проекти или настани (опис, клиент, буџет, број на учесници)
- Техничка понуда со предложена методологија и пристап кон реализацијата
- Финансиска понуда со детална разработка на трошоците по ставка и операторска провизија
- Контакт информации за одговорно лице
Рок за аплицирање
Комплетните понуди треба да се испратат на: info@naitm.org.mk
со назнака: „Понуда за тур оператор – Green Spirit Prespa“
Краен рок за аплицирање: 20 март 2026