Во рамки на саемот во ITB Berlin, НАИТМ оствари значаен состанок со Forum Anders Reisen – бизнис асоцијација која обединува 140 мали и средни тур-оператори од Германија, посветени на еколошки и економски одрлив и социјално праведен туризам.
Од страна на НАИТМ беа промовирани нашите практики за одржлив туризам во Македонија, со посебен акцент на Крушево и Берово како примери за одржливи дестинации кои нудат автентично искуство, локална вредност и грижа за животната средина.
Претставниците на Forum Anders Reisen ги споделија своите искуства поврзани со развој на насоки и стандарди, обуки, системи за следење и процеси на сертификација – значајни алатки за унапредување на квалитетот и одржливоста во туристичкиот сектор.
Со задоволство информираме дека беше договорен Меморандум за разбирање и соработка, како и покана до членките на НАИТМ и ANDERS REISEN за Б2Б средби во септември 2026. Воедно, планираме организација на ФАМ тура во Македонија во октомври, со цел директно запознавање со нашите одржливи туристички производи и дестинации.