Во рамки на ITB Berlin, НАИТМ одржа продуктивен состанок со ASR - Alliance of Independent Travel Companies – Федерална асоцијација која обединува околу 600 независни туристички компании во Германија.
ASR како независна асоцијација се залага за создавање средина што им овозможува на своите членки да делуваат автономно и одговорно како претприемачи. Тие се силна мрежа од 600 тур оператори и агенции која ги поддржува своите членки во создавање нови можности и застапување за фер конкуренција, со јасен фокус на интересите на малите и средни компании.
На состанокот ги презентиравме можностите за соработка со македонските тур оператори и потенцијалот на Македонија како одржлива и автентична дестинација.
Во рамки на договорените активности беше предвидено во октомври да се организираат Б2Б состаноци 1-на-1, со можност тие да се одржат онлајн или преку организација на road show, додека во втората половина на ноември се планира организација на ФАМ тура во Македонија за членките на ASR, со цел директно запознавање со туристичката понуда и дестинации во земјата.